ЦРНА ГОРА
Црна Гора - бисерот на Медитеранот, сместена e во југоисточна Европа, на Балканскиот полуостров. Со уникатното Јадранско крајбрежје, прекрасни езера, 5 национални паркови и гигантски планини, оваа мала, но исклучително убава земја е опкружена со Албанија, Косово, Србија, Босна и Херцеговина и Хрватска. Туризмот е една од најважните индустрии во Црна Гора, а последните години Црна Гора е на списокот на врвни светски туристички дестинации.
Црна Гора се простира на површина од 13.812 км. Според последните статистички податоци има 670 000 жители. Главен град и најголем град е Подгорица кој е административен и економски центар, додека Цетиње има статус на престолнина. Официјален јазик е црногорскиот јазик, а српскиот, хрватскиот, бошњачкиот и албанскиот јазик исто така се во официјална употреба.
Вкупната должина на црногорскиот брег е 293 км, додека вкупната должина на плажите е 73 км. Најдолгата плажа се наоѓа во Улцињ, долга 12 км, вкупниот број на острови се 48. Државата по својата географска положба, припаѓа на средниот Медитеран, односно на Јужна Европа. Најголеми градови се Подгорица, Цетиње, Даниловград, Никшич. Со својата мала територија, Црна Гора има дури пет национални паркови: Национален парк Биоградско езеро, езерото Скадар, Дурмитор, Ловќен, Проклетије.
Апартмани ЛАРА - С -Добра Вода
ЛАРА - С е новоизграден објект, оддалечен 130м од плажата Велики Пјесак, во Добра вода.
ден 0,00
Апартмани Лара ЛУКС - Чањ
Чањ е атрактивно туристичко место, кое се наоѓа меѓу Петровац и Сутоморе, го краси пространата песоклива плажа долга 1100 м.
ден 0,00
Апартмани СОЛАРИС - Чањ
Чањ е атрактивно туристичко место, кое се наоѓа меѓу Петровац и Сутоморе, го краси пространата песоклива плажа долга 1100 м.
ден 0,00
вила ПАРК 3*
Составен дел од Туристичкиот комплекс на Hotel Park се наоѓаат 15 еднокатни вили
ден 0,00
хотел Корали 3*
Cместување: 370 соби и 13 апартмани, собите се опремени со бања, балкон, ТВ. Услуга: полупансион – појадок и вечера или AI light.
ден 0,00
Апартмани ЛАРА - Чањ
Блок А е составен дел од студио-апартманите Лара, со посебен влез, оддалечен 80м од плажа.
ден 0,00