Достапност

Apartmani VILA MIRAKUL 3***

Апартманите се наоѓаат во Мали Лошињ, во стариот дел на градот, 80 м од центарот
ден 0,00

Локација: Мали Лошињ, во стариот дел на градот, 80 м од центарот.
Плажа: 800 м.Бетонирана, каменита, крупен песок – плажите Загазињине и Св. Мартин. Плажите Цикат и Сунчан залив, песочни, се оддалечени 4 км.
Услуга: Наем.
Клима: Не (заштитни зидови 70 см).

Опис: Вила Миракул е стара буржоазиска куќа со потполно обновен ентериер, изградена е во 1856 за градоначалникот и има два стари отворени камини и големи елементи од стара архитектура. Вилата има 6 апартмани со дигитална сателитска ТВ, вински подрум, уреден двор со скара и туш. Два апартмани се од типот 1/2 АПП СТУДИО (26 м2), два се од типот 1/3+2. Апартманите се на вториот и третиот кат и имаат поглед на морето, марината, местото и лошинскиот залив. Гостите имаат на располагање скара, туш, мал детски базен, лулашки, трамболина, интернет. Паркинг на 100 м од вилата. Продавници, ресторани, пицерии, слаткарници, рибарница, трговски центар, месара, барови, отворено кино, банка, пошта, во центарот, на 80 м од вилата.

инфо: ПРИСТИГНУВАЊЕ  /  ЗАМИНУВАЊЕ : ПО 15:00ч  /  ДО  10:00ч. Менување постелнина и пешкири 1x неделно

Категоризација 3 ***
Локација Лошињ
Тип на сместување Апартман