БУДВА

Во срцето на Јадранскиот брег ве чека Будва - центарот на медитеранскиот туризам, град во кој се вкрстуваат истокот и западот, хеленската и римската култура. Град опкружен со ѕидини и волшебни плоштади, тесни улички чија архитектура привлекува илјадници туристи. “Будванска ривиера“ изобилува со долги песочни плажи од кои најпознати се Словенска плажа, Милочер, Каменово, Могрен... Во непосредна близина се наоѓа и најголемиот остров во овој дел на Јадранот Св. Никола, до кој се стигнува со брод-такси.

Филтри