Достапност

вила ПАРК 3*

Составен дел од Туристичкиот комплекс на Hotel Park се наоѓаат 15 еднокатни вили
ден 0,00

Составен дел од Туристичкиот комплекс на Hotel Park се наоѓаат 15 еднокатни вили во средина со природно зеленило со 141 сместувачка единица и 420 легла. Вилите се наоѓаат на 450 метри од хотелската зграда и 500 метри од плажа. Располага со двокреветни соби, двокреветни и трокреветни студија или апартмани со четири кревети. На располагање на гостите им е и рецепцијата , ресторанот и детско игралиште. Сите вили се на 1,5 километар од центарот на градот.

Цените се за наем на студио по лице за 7 ноќевања  со вклучен превоз  
Цените се изразени во евра и се пресметуваат во денарска противредност по курс  1еур = 62 денари

Напомена :
За сопствен превоз се одбива 10€ од цената  
Препорачуваме патничко осигурување со доплата од 5€
За отказ на резервации  не се врши повраток на  уплатениот аванс од 30%

Попусти за деца:
*Деца до 2 години бесплатно
*Деца од 3 до 14 години плаќаат 50%

Информации за собите:

Двокреветна соба
Двокреветните соби се со површина од 15 м2 и се наоѓаат на приземјето и на 1-ви кат на секоја стандардна зграда. Сите соби се реновирани во 2017 и 2018 година. Собите имаат 2 единечни кревети. Секоја соба има тераса со градинарски мебел. Сите соби се климатизирани и се со мини фрижидер, ЛЦД телевизор со кабелски канали и бесплатен Wi-Fi.

Двокреветно студио
Двојните студија имаат површина од 18 м2 и се наоѓаат на приземјето и на 1-ви кат на секоја стандардна зграда. Сите студија се реновирани во 2017 и 2018 година. Студијата имаат 2 единечни кревети кои можат да се спојат во еден голем кревет. Секое студио има тераса со градинарски мебел. Сите студија се климатизирани, опремени со целосна кујна, ЛЦД телевизор со избор на кабелски канали и имаат бесплатен  пристап до Интернет.

Четирикреветен апартман – БЕОГРАД
Овие апартмани со четири кревети се со површина од 45 м2. Сите апартмани се реновирани во 2017 и 2018 година. Апартманите се состојат од 1 двокреветна спална соба и голема просторија со 2 единечни кревети, трпезарија и кујна. Секој апартман има тераса со градинарски мебел. Сите апартмани се климатизирани, опремени со комплетна мини кујна, LCD телевизор со избор на кабелски канали и имаат бесплатен Интернет.

Трокреветно студио
Трокреветните  студија имаат површина од 25 м2. Сите студија се реновирани во 2017 и 2018 година. Студијата имаат 3 одделни единечни кревети и 2 можат да се комбинираат во еден голем кревет. Секое студио има тераса со градинарски мебел. Сите студија се климатизирани, опремени со целосна кујна, ЛЦД телевизор со избор на кабелски канали и имаат бесплатен Wi-Fi пристап до Интернет.

Четирикреветен апартман
Четирикреветните  апартмани се со површина од 30 м2. Сите беа реновирани во 2017 и 2018 година. Апартманите се состојат од 1 двокреветна спална соба и голема просторија со 2 единечни кревети, трпезарија и кујна. Секој апартман има тераса со градинарски мебел. Сите апартмани се климатизирани, опремени со комплетна мини кујна, LCD телевизор со избор на кабелски канали и имаат бесплатен Wi-Fi пристап до Интернет.

Информации за политиката на хотелот
Сместувањето во собите и одјавувањето е според  редот и политиката на хотелот кој генерално е сместување во 14:00часот и одјавување во 10:00часот
Бројот на лица треба да е идентичен со бројот на ваучерот издаден од туристичката агенција
Типот на соба се одредува за време на резервација во аранжманот ( двокреветна, трикреветна,четирикреветна)

Категоризација 3 ***
Тип на сместување Апартман
Локација Будва