ПИЕРИА
Поради одличната локација, чистите води и живописните пејсажи, овој крај е популарен за туристите, а особено за фамилиите со деца. Олимписката ривиера има широки и пространи песочни плажи кои претставуваат одлично место за уживање и одмор. При влезот во вода, до длабочината се стигнува постепено, брегот е плиток, па плажите се безбедни и за деца и почетници во пливањето.
Климата е иста како и во целата земја, летата се доста топли, а понекогаш дуваат свежи ветрови. Многу сончеви денови и малата количина на влажност, ви гарантираат пријатен одмор. Бидејќи се наоѓа во подножјето на Олимп, доаѓа до струење на воздух од морето и планините, така што ветерот скоро секогаш го има, па влажноста не се чуствува.
Покрај уживање на плажа, можете да уживате и во многубројните ресторани и таверни кои во поголемиот број на градови се наоѓаат на самото шеталиште, покрај плажите. Прекрасна атмосфера, проследена со познатите звуци на грчкото бузуки и вкусните локални специјалитети, се дел од секој ресторан.
Главниот град на областа е Катерини, кој лежи помеѓу рамнината на Пиерија и подножјето кое се издига кон планината Олимп. Најпознати туристички места се веќе добро познатите: Паралија, Олимпик Бич, Лептокарија и Неи Пори.
Не е ни случајно што грчките богови токму овој регион го избрале за свој дом.
Afrodite Hotel 3*
Локација: Неи Пори, 100 км од Солун. Плажа: Песочна,сопствена.Лежалки и чадори за сонце – бесплатно.
ден 0,00
Anais Hotel 3*
Мал удобен хотел. Удобни соби, базен, ресторан, бар, приклучок за интернет, услуга со висок квалитет.Погоден за економичен одмор.
ден 0,00
Cavo Olympo Luxury Resort&Spa 5*
Хотел за ексклузивен и луксузен одмор. Хотелскиот комплекс се наоѓа на плоштад. Модерна архитектура комбинирана со удобност , луксуз и беспрекорна услуга. Локација:Пиериа, реон Плата Литохоро, 2км од местото Литохоро, 20км од Катерини, 110км од Солун, 120км од аеродромот “Македонија”.
ден 0,00